Поротокалов метеоаларм во Регионот: Поројни дождови и во Регионот и кај нас

Силно невреме проследено со грмежи и поројни дождови декен околу пладне го погоди Загреб, северозапасна Хрватска и задарскиот регион, а словенечката Агенција за околина прогласи портокалов аларм, втор највисок степен на опасност од природните непогоди.

Се очекува, како што јавува Хина, интензивните врнежи со невреме да ги погодат и јужните делови на Словенија.

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија денес предупреди дека воглавно попладне и навечер се очекуваат краткотрајни временски непогоди.

Како што се наведува во соопштението од РХМЗ се очекуваат обилни врнежи со појава на град и засилен ветер, меѓутоа според тамошните метеоролози ова не е невообичаено за овој период од годината.

Локален пороен дожд и во Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Како што информираат од УХМР, во текот на денешниот ден ќе дува умерен ветер од северозападен правец.Температурата ќе се движе од 12 до 20 степени, а дневната највисока во интервал од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 19 до 34 степени.