„Порталб“: Повреден синот на Мендух Тачи во синоќешната престрелка во Тетово

Според неофицијални информации на поратлот „Порталб“ еден од повредените во синоќешниот вооружен напад во тетовското кафуле „Бар Код“, е и синот на лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Неофицијално, осомничените и застреланото лице имале претходно расправија. Синоќа, застреланиот седел на маса со уште неколку лица во кафулето, кога влегле осомничените. Откако го забележале веднаш почнала вербална расправа и се обиделе да го изнесат надвор од локалот, по што дошло до инцидентот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.