За порталите на СОРОС симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да бидат родители

Порталот „Плусинфо“, раководен од Бранко Геровски, и А1он раководен од поранешниот новинар на ТВ А1 и неформален портпарол на Љубе Бошковски, Предраг Петровиќ, сакаат да го девалвираат револтот на група родители од Куманово кои не се согласуваат со штрајкот во училиштата во кои учат нивните деца, објавува „Курир“.

Родителите  дадоа изјави со кои негодуваат поради штрајкот на СОНК , што е сосема нормално и логично за едни родители кои се загрижени поради тоа што нивните деца го пропуштаат образовниот процес, а сето тоа не е по нивна вина.

„Сабајле се родители кои не поддржуваат штрајк, попладне активисти на ВМРО-ДПМНЕ“. Со овој наслов медиумите блиски до политиките од Бихаќка објавија фотографии од родителите кои се загрижени за образовниот процес на нивните деца.

sabajleeeeeeeeeeeeeee

Но, за Плусинфо и А1он, изјавите на родителите не биле важечки и релевантни само затоа што дел од нив биле активисти и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

За овие портали финансирани од СОРОС, неважно е што децата речиси една недела не посетуваат настава поради штрајкот на СОНК, а уште помалку е важно што родителите се загрижени.

Логично произлезено од насловот на текстовите бидејки дел од нив се членови или симпатизери на одредена партија која не е по желба на уредниците на посочените портали,  тие немаат ниту право да бидат загрижени за обрзаованието на своите деца. Интересно е што токму истите портали на големо шират параноја околу недостаток на слобода и демократија, а тие се првите кои го ускратуваат правото на родители да бидат загрижени за своите деца, и тоа само затоа што се симпатизери на одредена партија.

Ваквите написи се далеку од здравиот разум, што покажува дека кај Геровски постои очигледен замор и недостаток на концетрација или  пак се работи за нешто сосема друго.

Дополнително што токму тој и останатите медиуми на СОРОС беа првите кои се бунеа поради заокружувањето на фотографии, а сега токму Геровски сосема нормално  и безпоговорно го прифаќа заокружувањето  кога  тоа доаѓа од порталите на СОРОС и тоа на родители кои негодуваат поради тоа што нивните деца не посетуваат настава.