Порталот на Геровски Плусинфо пренесува лажни цитати на пратеникот Џеват Адеми

Имено, Геровски на својот портал се обиде да објави нешто што Џеват Адеми не го ни кажа. Сакајќи да прикрие тоа што Џеват Адеми кажа дека СДСМ ги прифатиле сите услови на ДУИ, тој се обиде оваа информација да ја изврти и да престави дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што Адеми ја спомнува. Ова е веста каде што Плусинфо пишува дека ВМРО-ДПМНЕ требало да ја плати цената за ставовите на Алијансата на Албанците и ДУИ, а не како што кажа Џеват Адеми дека СДСМ се тие што ја платиле цената за да дојдат на власт. Ова е снимка од вистинската изјава на Џеват Адеми во која кажува дека СДСМ ги прифатиле сите услови и дека тоа било цената за да ги поддржат да дојдат на власт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.