Порто го начна Наполи, реми во Торино

Без победник, но со по еден гол во двете мрежи, заврши првиот 1/8 финален дуел од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа, пресметката помеѓу големите ривали од италијанската Серија А, Јувентус и Фиорентина.

Домаќинот дојде во водство на стартот од натпреварот со погодокот на чилеанскиот интернационалец Артуро Видал, а израмнувачкиот погодок беше дело на репрезентативецот на Германија, Марио Гомез.

Градската пресметка помеѓу екипите на Севиља и Бетис, заврши со сигурен триумф на „зелено-белите” од 2:0, а минимален но максимално незгоден пораз на гостувањето во Португалија, доживеа италијанскиот калчолигаш Наполи.

Последните 15 минути од дуелот против одличниот тим на Порто ги одигра и поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев, а единствениот погодок на натпреварот беше дело на колумбискиот интернационалец, Џексон Мартинез.

Резултати: Базел – Салцбург 0:0, Порто – Наполи 1:0, Лудогорец – Валенсија 0:3, Лион – Виторија П. 4:1, Тотенхем – Бенфика 1:3, АЗ Алкмар – Анжи 1:0, Севиља – Бетис 0:2, Јувентус – Фиорентина 1:1.