Портпаролот на СДСМ Кавадарци јавно се заканува на новинари

Портпаролот на СДСМ во Кавадарци Ненад Јовановиќ, кој истовремено работи на проекти кои се финансирани од СОРОС, отворено и јавно се заканува со насилство врз новинари на ТВ Сител, пишува Курир.

Тој на својот Фејсбук профил се закани дека физички ќе се пресмета со новинарите на Сител Љупчо Златев и Драган Павловиќ Латас.

“Ако го сретнам Љупчо Златев, Драган Павловиќ Латас и останатите Сителови “правдољупци“, ќе ги прекршам од ќотек со неколку десетици шамари од кои мајчица Русија нема да ги препознае! Пробајте ме дали блефирам, ѓутуруми!”

nenad

Ненад Јовановиќ исто така го нападна и Зоран Заев кога тој беше избран за нов претседател на СДСМ. Тогаш во својата колумна ” СДСМ– плескавици или ништо” напиша:

„Видете, за да се води еден СДСМ, мора пред се’ да се биде сериозен, стабилен и интелектуално поткован човек, а тоа не е Зоран Заев. Да расчистиме: немам ништо лично против тој човек, не’ го познавам, не’ знам ништо за него, во крајна линија ништо лично негово не ме интересира – само ме интересира партија од таков профил и државотворност, било да е на власт или во опозиција, да биде Јака, да биде Релевантна, но ви тврдам! – таа партија никогаш повеќе нема да биде Јака и Релевантна ако ја водат луѓе со такво политичко, психолошко, културолошко и интелектуално портфолио персонифицирано во Зоран Заев. И молим лепо!”

Името на Јовановиќ се поврзува со проектот “ПРОЕКТ-ЕУ, Кавадарци” за кој добил 25.000 евра од СОРОС. Овој случај беше обелоденет во медиумите иако остана докрај неразјаснета намената на тие пари. Скандалозно е што оваа фондација финансира лица кои на социјалните мрежи шират омраза кон не истомислениците.

Најверојатно поради финансиите тој постојано, отворено и безрезервно дава поддршка наполитиките на СОРОС кои се водат во Македонија.

-Сорос во Македонија е на страна на вистината. Тоа што огромен број Македонци не се спремни да ја поднесат вистината и затоа беспрекорно, секојдневно се лажат меѓу себе, не е мој проблем! А и не сакам да имам врска со такви Македонци, пишува Јовановиќ на Фејсбук.

nenad1

Овој случај уште еднаш ја потврдува неискреноста и лицемерието на СДСМ и СОРОС кон медиумите. Тие се добри и слободни само ако ја подржуваат опозицијата и ако ја напаѓаат власта. Во спротивно се изложени на закани со ќотек со шамари од нивните активисти.