Португалецот на клупата на Иран брка победа против Роналдо

Никој не се сомнева во победата на Шпанија над Мароко, па прашањето кој ќе биде втор во групата „Б“ ќе се решава во Саран каде што денеска играат Иран и Португалија. Иранците имаат 3 бода, Португалија 4, кој победи поминува, а нерешено им одговара на португалците.

Но дека на Роналдо и на неговите соиграчи ќе им биде тешко покажа Иран во натпреварот со Шпанија и таа одлична игра и даде голема надеж на високо мотивираната селекција на Карлос Кеирош. Португалцот денеска по 90-ти пат ќе ја предводи селекцијата на Иран, на чија клупа е веќе седум години, што е невообичаено.

Ова ќе биде мојот најважен меч во кариерата, вели Кеирош.

Не е тајна дека на Кеирош не му се допаѓа актуелното раководство на португалскиот фудбал откако го отстранија од неговата омилена клупа, што во моментов силно го мотивира.

Сите рекоа дека сигурно нема да го поминеме првиот круг, а ние со резултатот и играта дојдовме до ситуација да се бориме за тоа. Тоа е награда за иранскиот народ кој живее за победа и се надевам дека ќе им го приуштиме задоволството. Играме добро ни се врати по Мароко, но покажавме против Шпанија дека сме го заслужиле тоа. Сепак, морам да кажам дека Шпанците во голем дел од мечот својата игра ја темелеа на притискотот врз судијата и искрено се надевам дека такво нешто нема да се случи повторно против Португалија, вели Кеирош.

Составот кој одигра против Шпанците најверојатно нема да се менува, бидејќи за нив ова е финале на СП, а составот кој играл добро не се менува, иако е потребно да постигнат гол, а тие во двата натпревари не дадоа ниту еден. Единствениот гол го постигна Мароко самиот. И затоа треба да се очекува Кеирош, кој добро ги познава Португалците, да тргне похрабро од кога и да било.

Португалците, од друга страна, се смирени.

Прашањето кое се поставува пред Фернандо Сантош е до каде и колку Роналдо може сам. Тој ги даде сите четири голови за Португалија, а според ситуацијата, Сантош ќе остане доследен на контролираниот фудбал.

Се сеќавам на времето кога игравме добро и поминувавме лошо, така што критиките од типот што не игравме добро не не погодуваат. Знам само дека не чека многу тежок натпревар против многу добар противник, кој го покажа тоа против Шпанија. Мислам дека дуел играта е од клучно значење, така што мораме да бидеме поцврсти отколку што сме биле досега. Иранците се добро подготвени и ќе мора да биде многу поагресивни за да ја доведеме играта во ритам. Знам само дека не смееме да оставиме тоа тие да го направат, заклучи тренерот кој го предводеше португалскиот тим до титулата европски шампион.

Натпреварите Португалија-Иран и Мароко-Шпанија почнуваат во 20 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.