Португалија е преголем залак за Македонија

Сосема очекувано, младата репрезентација на Македонија доживеа сигурен пораз од 2:0 во квалификацискиот натпревар кој избраниците на Бобан Бабунски го одиграа на гостувањето во Португалија.

Најголемиот фаворит за првата позиција во осмата квалификациска група дојде во водство во 51 минута со погодокот на Бернардо Силва, а во 59 минута, Рикардо успешно го изведе ударот од белата точка.

Дека домаќинот има голема судиска помош од турскиот арбитар, Бариш Симшек, се виде и во 66 минута, но репрезентативниот голман на Македонија, Димитревски, успешно го одбрани ударот на Пасиенса, упатен од белата точка.

Во првото полувреме, Давид Бабунски не искористи убава шанса пред противничкиот гол, а во второто полувреме чиста шанса не искористи и Муслиу.

После пет одиграни натпревари во квалификацискиот циклус за ЕП во Чешка, Македонија има освоено само четри бода.

Македонија играше во состав Димитриевски, Ристовски, Алиловски, Зајков, Блажевски, Ашковски, Муслиу, Мицевски, Д.Бабунски, Давид Бабунски, Трајковски. Во игра во второто полувреме Велковски и Радевски на местото од Ристевски и Мицевски.