Португалија ќе прими 10.000 мигранти

Португалија понуди да прими 10.000 мигранти од земјите што се борат со нивниот прилив, за на тој начин да го неутрализира одливот на сопствените граѓани, пишува „Танјуг“.

Премиерот на Португалија, Антонио Кошта минатата недела упати писма до Австрија, Грција, Италија и Шведска писма во кои им понуди да прифати до 5.800 бегалци покрај онаа бројка од 4.500 бегалци што беше прифатена како дел од бегалскиот систем на квоти на ЕУ.

Кошта неодамна му порача на Брисел дека Португалија би требало да послужи како пример и додаде дека се противи на затворањето на границите во ЕУ со цел блокирање на пристапот на бегалците.

Претходно овој месец, португалскиот премиер оцени дека е неправедно да се оптеретува Берлин со она што е должност на „сите европски лидери“.

Инаку земјата е тешко погодена од финансиската криза, а невработеноста е голема меѓу младата популација, поради што тие заминуваат од земјата во потрага по работа. Невработеноста е околу 12 отсто, а речиси половина Португалци ја напуштија земјата за постојано или приовремено во последните 4 години, па така оваа земја има најнизока стапка на наталитет во ЕУ.

Сепак, Португалија ќе избере кои мигранти ќе ги прими затоа што планира да ја подобри работната сила, прифаќајки студенти и обучени работници. Се планира во земјата да бидат прифатени 2.800 студенти и помеѓу 2.500 и 3.000 бегалци што се експерти за земјоделство и шумарство.