По катастрофалните пожари португалската министерка за внатрешни си поднесе оставка

Португалската министерка за внатрешни работи Констанша Урбано де Соуша поднесе оставка на својата должност откако во катастрофалните пожари коишто ја зафатија годинава Португалија животите ги загубија над сто лица, соопшти владата во средата.

Во своето писмо објавено и во јавноста, министерка за внатрешни работи Констанша Урбано де Соуша појснува дека по пожарите од изминатите денови „смета дека нема политички и лични услови да продолжи да ја извршува својата должност“.

Во Португалијата во вторникот започна тридневната жалост поради жртвите во најновата низа шумски пожари коишто ја зафатија годинава оваа ибериска земја.

Во овие пожари загнаа најмалку 36 луѓе, покрај уште четирите жртви во соседна Шпанија, само четири месеци по најсмртоносните пожари во португалската понова историја, кога во областа Педрогао Гранде кон средината на јуни загинаа 64 луѓе.

„По оваа година, ништо повеќе нема да биде исто“, изјави премиерот Антонио Кошта и најави големи реформи во управувањето со шумските региони и противпожарната заштита.