вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 2

Посебен сообраќаен режим по повод „Задушница“

По повод верскиот празник „Задушница“ утре во перидот од 06,00 часот па се до доцните попладневни часови ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим на сообраќајниците кои водат до градските гробишта „Бутел“, „Камник“ и „Ѓорче Петров“.

soobrakaj.jpg-500

Поврзани вести

По повод верскиот празник „Задушница“ утре во перидот од 06,00 часот па се до доцните попладневни часови ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим на сообраќајниците кои водат до градските гробишта „Бутел“, „Камник“ и „Ѓорче Петров“.

Така на градските гробишта „Бутел“ сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски“ во продолжение по локалниот пат за село Мирковци и лево по улица „Боца Иванова“ до влезот на гробиштата.

Додека пак излегувањето ќе се одвива десно по ул „Боца Иванова“ кон улица „Александар Урдаревски“.

По однос на сообраќајот кон и од гробиштата „Камник“ и „Ѓорче Петров“ истиот ќе биде непосредно регулиран со присуство на сообраќајна полиција.

 

Најчитани вести