Посебен сообраќаен режим за Задушница, ќе има пренасочувања

Сообраќајната полиција, по повод верскиот празник „Задушница“, денеска, како и за време на викендот ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во периодот од 6 до 16 часот на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров.

Како што информираа од  МВР, на гробиштта Бутел сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски” во продолжение по локалниот пат за село Мирковци до влезот за гробиштата на улица „Боца Иванова” и излегување на улица „Александар Урдаревски”.

По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улица „Црногорска“, а на гробишта „Камник“ по улица „Јужноморавски Бригади“ и улица „Роман Каскалиевиќ“, соопшти МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.