Македонија

Посебен сообраќаен режим за празникот Илинден

Посебен сообраќаен режим за празникот Илинден

МВР најавува посебен сообраќаен режим по повод утрешното одбележување на националниот празник Илинден во Скопје, Крушево и Пелинце.

За време на манифестацијата „Илинден 2014“ по повод националниот празник, денеска попладне ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај по улиците во Крушево, а утре посебен режим ќе има и кон локалитетот Мечкин Камен.

На територија на СВР Скопје утре времено ќе бидат затворени за сообраќај улиците „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“ од 9:30 до 10:30 часот, а пренасочувањето на сообраќајот ќе биде на крстосницата на улиците „Филип Втори Македонски“ и „Кеј 13 Ноември“, крстосницата на булеварот „Кочо Рацин“ со улицата „11 Октомври“, крстосницата на улицата „Васил Главинов“ со „Максим Горки“ и крстосницата на улиците „Димитрија Чуповски“ и „Даме Груев“.

На територија на СВР Куманово ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај, односно после 10 часот ќе има целосна забрана за сообраќај на моторни возила на регионалниот пат Р-1202 од клучката на магистралниот пат А2 и регионалниот пат Р-1202 или поточно од Св.Петка до с.Пелинце, каде ќе се одвива централната манифестација по повод одбележување на празникот.