Посебна комисија ќе го разгледува изборот на новиот студентски лидер

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) утрово на вонредна седница расправаше за  изборот на нов студентски лидер. За случувањата во четвртокот беа дадени различни аргументи од различни страни. На крајот, управата одби да ги поништи изборите и одлучи посебна комисија да ги доиспита сите работи за комплетно расчистување на настаните.

Идејата за формирањето на ваква комисија дојде од Вујица Живковиќ, декан на Факултот за физичка култура. Таа беше прифатена од ректорот во заминување, Велимир Стојковски, но не и од дел од професорите и Студентскиот пленум, чии претставници исто така учествувааа на дискусијата на вонредната седница.

Ректорската управа потенцира дека нема ингеренции во поглед на изборот на студентски лидер, но сепак предложи решенија за првенирање на слични состојба.

Прв предлог е итна измена во Статутот на УКИМ во делот на студентското организирање за што веќе претходно беше формирана комисија.

Второ, преку овозможување на правен основ, Ректорската и деканските управи да учествуваат при одганизирање и спроведување избори од страна на студентски организации. Потоа, УКМ и Студентскиот парламент активно да се вклучат во подготовката на статутарните измени и да престане секој вид на партизација и политичко манипулирање со студентите.

Деканот на Правниот факултет Борче Давитковски предложи изборите да се поништат и Кирил Спировски да остане претседател на СПУКМ се до септември додека не се направат статутарните измени во поглед на студентското организирање.

Откако Ректорската управа одби да го прифати овој предлог, Давитковски ја напушти седницата и посочи дека не се согласува со формирање на комисии за разгледување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.