Посебни привилегии од Јанева за Верушевски

Специјалната обвинителка Катица Јанева со писмо испратено на 4-ти декември ги известила обвинетите во аферата „Пуч“, Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски дека го презема предметот од Обвинителството за гонење на организиран криминал, а јавноста за истата оваа одлука беше информирана 10 дена подоцна.

Порталот Press24 објави документи што откриваат дека Специјалното обвинителство на обвинетите ова известување им го испратила директно во скопскиот затвор каде што се наоѓаат по изречената мерка притвор.

Дека ја презема надлежноста врз предметот „Пуч“, Јанева ја извести јавноста вчера, повеќе од една недела подоцна. Нејасно е зошто Јанева цели 10 дена криеше од јавноста дека ја преземала надлежноста врз предметот „Пуч“ во кој четврто осомничен е лидерот на СДСМ Зоран Заев.

dokument-janeva-verusevski-640x772

dokument-janeva-verus22-640x778

Порталот пишува дека не се знае ниту зошто обвинетите во „Пуч“ добиваат еден вид привилегирана положба, особено ако се знае, дека ниту еден од останатите лица кои се осомничени во делата над кои Јанева вчера објави дека ја преземала стварната надлежност до овој момент, според информациите на Press24 не добил никакво известување.

Медиумите во повеќе наврати пишуваа дека Јанева ќе треба да ја води кампањата на СДСМ на изборите во април, но никој не очекуваше дека специјалната обвинителка уште на самиот старт ќе ги стави во привилегирана положба обвинетите кои важат за кадри на опозициската СДСМ.

Фокус: Обвинителите ќе настојуваат да падне митот за власта

fokus-janeva-640x454

Претходно…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.