Поселт за Република: Дејствувањето на СДСМ е неприродно и неодговорно

Германецот Бернд Поселт кој 20 година е европратеник во интервју за неделникот Република вели дека не разбира како македонската опозиција не сфаќа оти треба да им биде лојална на гласачите, а не на желбите на лидерот.

Познавачот на состојбите во Македонија, кој ги набројал сите случаи на бојкот во нашата историја, вели дека СДСМ се доближува до несериозните европски партиим како италијанската партија на Бепе Грило.

-Неприродно и неодговорно доколку македонски политичари, избрани од гласачите го бојкотираат парламентот или не ги прифаќаат мандатите по инструкции на нивниот партиски лидер. По изборите, тие единствено треба да им бидат лојални на гласачот и на сопствената совест, да ја завршта својата работа и да го подигнат својот глас во Собранието за да понудат алтернатива на политичките решенија и на одлуките на власта. Бојкотот и повлекувањето од добиените мандати е погрешна политика од два спекти. Прво, тоа е целосно неевропско политичко однесување и не претставува опција за сериозна политичка партија. Тоа ја доближуванајголемата македонска опозициска партија до несериозните политички групи, каква што е „Движењето 5 ѕвезди“ на италијанскиот политички кловн Бепе Грило, кој исто така, постојано игра со закани за неучество и за бојкот. Како второ, историјата на македонскиот парламентаризам покажува дека политичкиот бојкот никогаш не донел бенефит за партијата која бојкотира. ВМРО-ДПМНЕ под водство на Љупчо Георгиевски бојкотираше во 1994 година и се оштети како парија, а истото се случи и на различни бојкоти на СДСМ под водство на Бранко Црвенковски, како и бојкотирањата на ДПА, ПДП и на ДУИ. Сите тие се соочија со голем неуспех ои порано или подоцна мора да се вратат во Собранието, вели Поселт за Република.

По информациите кои се појавија за јавноста дека целта на бојкотот бил негативен Извештај на ЕК, кој СДСМ би го користел како адут во понатамошната борба за власт, Република го прашува европратеникот дали ставањето на партиските интереси пред државите е „логично“ во земјите на ЕУ.

-Партиите во земјите на ЕУ нудат различни можности при дневно-политичките дејствувања и застапуваат различни филозофии во економијата, социјалниот и образовниот сектор, кога станува збор за градењето на иднината на Европа или одбраната на европскиот демократски модел на општеството, најголемите партии се обединети. О изборите за ЕП, неформалната широка коалиција на европските народни партии и социјадемократите продолжува да ја води Европа низ предизвиците на глоблизацијата и заканите во Источна Европа и Блискиот Исток. Демократските партии мора да се натпреваруваат во политичките опции и во решенијата што се нудат, но да бидат заедно во стратешките одлуки за бенефитот на граѓаните и на државата. Интеграцијата на Македонија во ЕУ е таква стратегиска одлука. Од друга страна, во ЕП демократите од различни партии соработуваат во поддршката на Македонија- во Комисијата за надворешни работи, како и во одредени групи пријателство, поради тоа, од витално значење е за политичките партии во земјите кандидати за ЕУ да соработуваат за прашања поврзани со ЕУ.најдобар пример за тоа е добрта и успешна соработка меѓу двете најголеми партии во Хрватска, ХДЗ и СПД кои во текот на осумгодишниот период во тек на преговорите со ЕУ соработуваа – без разлика кој беше на власт, а кој во опозиција, за жал. СДСМ не го следи промерот на своите пријатели од Хрватска, нагласи Поселт.

Поселт во интервјуто за Република говори и за очекувањата за Македонија на Советот на ЕУ во декември.

-Пресреќен од одлуката на ЕК и сигурен сум дека ЕП во целост ќе ја поддржи препораката за почеток на преговорите со ЕУ. Многу е позитивно за Македонија што наследникот на активниот комесар за проширување, кој ја поддржува земјата, Штефан Филе, е искусниот политичар и поранешен еврокомесар Јоханес Хан од Австрија. Австријците имат традиционално позитивен став за Југоисточна Европа и нејзнинта интеграција. Силен и позитивен сигнал за регионот и за Македонија, исто така, беше и балканскиот смаит на Меркел во Берлин на крајот на ова лето. Важната порака беше дека и покрај сите кризи во светот, цлта на интеграцијата на целиот Балкан во ЕУ не е напуштена или заборавена. Во светлото на овие активности на Ангела Меркел и останатите, јас искрено се надевам на позитивни чекори на Советот на ЕУ во декември, потенцираше германскиот европратеник.