Поселт: Заев да престане да се инволвира во чудни конспирации

За раз­ли­ка од фан­том­ски­те под­др­жу­ва­чи на опо­зи­ци­ја­та од ЕУ, кон­тра нив за­ста­наа ду­зи­на европ­ски по­ли­ти­ча­ри од си­те по­ли­тич­ки про­ми­нен­ции, кои ја под­др­жаа вла­ста, но ви­стин­ски. Дејс­тву­ва­ње­то на опо­зи­ци­ја­та го осу­ди­ја де­се­ти­ци евро­пар­ла­мен­тар­ци, чле­но­ви на Со­ве­тот на Евро­па и мно­гу еми­нент­ни ими­ња на по­ли­тич­ка­та сце­на во нив­ни­те др­жа­ви и по­ши­ро­ко. Ос­нов­на­та по­ра­ка на си­те бе­ше опо­зи­ци­ја­та да го пре­ки­на не­ло­гич­ни­от бој­кот и да се вра­ти во со­бра­ни­е­то, ка­де што и тре­ба да се во­ди ди­ја­ло­гот.

Еден од нив е и гер­ман­ски­от по­ли­ти­чар Бернд По­селт, кој 21 го­ди­на е евро­пар­ла­мен­та­рец. Тој е дол­го­го­ди­шен пре­тсе­да­тел на Па­не­вроп­ско­то дви­же­ње во Гер­ма­ни­ја и ко­ор­ди­на­тор и глас­но­го­вор­ник на ЦСУ, вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја во Ба­ва­ри­ја и пар­ти­ја што за­ед­но со ЦДУ на Ан­ге­ла Мер­кел вла­дее со Гер­ма­ни­ја. По­селт, кој е од­ли­чен поз­на­вач на со­стој­би­те во Ма­ке­до­ни­ја, на­ши­те гра­ѓа­ни го пре­поз­на­ва­ат по остри­те реп­ли­ки до грч­ки­те по­ли­ти­ча­ри во ЕП во од­нос на ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње и проб­ле­мот за име­то. За „Ре­пуб­ли­ка“ гер­ман­ски­от по­ли­ти­чар оце­ну­ва де­ка ба­ра­ње­то за тех­нич­ка вла­да е скан­дал. Ба­ра За­ев да пре­ста­не со ин­вол­ви­ра­ње­то во чуд­ни конс­пи­ра­ции.

Ка­ко ги тол­ку­ва­те пос­лед­ни­те на­ста­ни во Ма­ке­до­ни­ја, ед­но­го­диш­ни­от бој­кот на пар­ла­мен­тот и дво­ме­сеч­но­то пре­зен­ти­ра­ње на не­ле­гал­но до­би­е­ни те­ле­фон­ски раз­го­во­ри од стра­на на ли­де­рот на опо­зи­ци­ски­от СДСМ?

ПОСЕЛТ: Европ­ски­те де­мо­крат­ски стан­дар­ди се ап­со­лут­но јас­ни. Пар­ла­мен­тар­ци­те што се из­бра­ни од гра­ѓа­ни­те има­ат огром­на од­го­вор­ност кон др­жа­ва­та не­за­вис­но да­ли му при­па­ѓа­ат на мно­зинс­тво­то или на опо­зи­ци­ја­та и долж­ни се да ра­бо­тат. Та­ка што си­те по­ли­тич­ки си­ли во Европ­ски­от пар­ла­мент и во зем­ји­те-член­ки на ЕУ се сог­ла­су­ва­ат де­ка СДСМ мо­ра од ули­ца да се вра­ти во де­мо­крат­ски­те стру­кту­ри и ин­сти­ту­ции на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Во ме­ѓу­вре­ме, не­го­ви­те 31 пра­те­ник зе­доа 10 пла­ти од пар­ла­мен­тот што не го приз­на­ва­ат. Ед­на пра­те­нич­ка пла­та е око­лу че­ти­ри про­сеч­ни пла­ти во др­жа­ва­та. На из­бо­ри­те за­гу­би­ја со 200.000 гла­со­ви раз­ли­ка, а пре­тсе­да­те­лот на ДИК бе­ше од нив­ни­те ре­до­ви. ОБСЕ ги оце­ни из­бо­ри­те ка­ко ре­гу­лар­ни и ефи­кас­ни. Да­ли, во­оп­што, сте слуш­на­ле за та­кво не­приз­на­ва­ње на вол­ја­та на гра­ѓа­ни­те во Евро­па или по­ши­ро­ко?

ПОСЕЛТ: Из­бо­ри­те во Ма­ке­до­ни­ја беа ко­рект­ни и мо­ра­ат ка­ко та­кви да се при­фа­тат и од тие што не по­бе­ди­ја на тие из­бо­ри. Ова е еден од глав­ни­те и нај­важ­ни прин­ци­пи на де­мо­кра­ти­ја­та. Не мо­же­те по­втор­но и по­втор­но да ба­ра­те но­ви из­бо­ри, сѐ до­де­ка не го до­би­е­те мно­зинс­тво­то. Ду­ри и фуд­бал­ски нат­пре­вар не би мо­жел да функ­ци­о­ни­ра на овој на­чин!

Исто­вре­ме­но, ли­де­рот на СДСМ е еден од осом­ни­че­ни­те за не­ле­гал­но и на­сил­но пре­зе­ма­ње на вла­ста во слу­ча­јот „Пуч“. Ка­ко ЕУ ги ин­тер­пре­ти­ра ва­кво­то опо­зи­ци­ско ома­ло­ва­жу­ва­ње на за­ко­ни­те и др­жа­ва­та во Ма­ке­до­ни­ја?

ПОСЕЛТ: Ма­ке­дон­ска­та вла­да е под­др­жа­на од мно­зинс­тво­то од сло­бод­но из­бра­ни­те пра­те­ни­ци во ма­ке­дон­ско­то со­бра­ние. Та­ка што јас мис­лам де­ка е скан­дал до­кол­ку еден од опо­зи­ци­ски­те ли­де­ри, нас­про­ти де­мо­крат­ска­та вол­ја на на­ро­дот, ба­ра тех­нич­ка вла­да на би­ро­кра­ти. Тој би тре­ба­ло да се фо­ку­си­ра и кон­цен­три­ра на ра­бо­та­та на опо­зи­ци­ја­та во пар­ла­мен­тот. След­ни­те из­бо­ри, мо­же­би, ќе му да­дат но­ва шан­са, се­ка­ко, до­кол­ку ја за­вр­ши сво­ја­та ра­бо­та и пре­ста­не да се ин­вол­ви­ра се­бе­си во чуд­ни конс­пи­ра­ции.

Ин­сти­ту­ци­и­те на си­сте­мот не го со­оп­шти­ја иден­ти­те­тот на стран­ска­та др­жа­ва што „по­мог­на“ во до­би­ва­ње­то на не­ле­гал­ни­те ау­ди­о­ма­те­ри­ја­ли, но, ка­ко и да е, ова е се­ри­о­зен удар врз ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво, кој соз­да­ва до­за на страв и на не­си­гур­ност ме­ѓу гра­ѓа­ни­те. Кои се ва­ши­те пре­по­ра­ки за из­ле­гу­ва­ње­то на крај со акту­ел­на­та си­ту­а­ци­ја?

ПОСЕЛТ: Си­те пар­тии, вклу­чу­вај­ќи ги и опо­зи­ци­ски­те пар­тии, тре­ба да би­дат па­три­от­ски. Ба­рам од нив да пре­ста­нат со за­гро­зу­ва­ње на па­тот на Ма­ке­до­ни­ја кон Европ­ска­та уни­ја и кон стру­кту­ри­те на НАТО, кои и та­ка се до­вол­но те­шки по­ра­ди оп­струк­ци­и­те од не­кои со­сед­ни зем­ји.