Македонија,Економија

Посета на австралиската амбасадорка во Битола, се разгледуваат можностите за инвестиции

Посета на австралиската амбасадорка во Битола, се разгледуваат можностите за инвестиции

 Амбасадорката на Австралија со седиште во Белград, Н.Е г-ѓа Џулија Фини, почесниот конзул на Австралија во Република Македонија, Зоран Костовски, пратеникот од Австралија – по потекло битолчанец – Васко Наумовски и инвеститорот од Австралија, исто така битолчанец Ѓорѓи Михајлов, денес остварија средба со градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески. На средбата се разговараше за можностите кои ги нуди општина Битола за инвеститорите од Австралија и понатамошно зголемување на соработката на економски план.

avtralija 4

„Битола има силна врска со Австралија. Има голем број битолчани кои живеат во Австралија. Заинтересирани сме за соработка со општината и сигурна сум дека ќе имаме и следна посета. Мислам дека градоначалникот ја има направено вистинската работа во оваа област. Има веќе неколку луѓе од Австралија кои инвестирале, но и такви кои ќе продолжат да инвестираат. Веќе работиме на неколку нови идеи. Мислам дека преку амбасадата во Белград ќе успееме да ги промовираме можностите кои се даваат во Битола и она што се прави на економски план“, изјавила амбасадорката Фини.

Градоначалникот на општина Битола, нагласил дека општината и пред новите инвеститори ќе ги презентира поволностите кои ги дава Владата на Република Македонија во сите општини низ Македонија, а исто така, ќе бидат претставени и поволностите кои ги дава општината Битола со цел привлекување на нови инвестиции. Секако, дека исклучителен пример во овој дел е Индустриската зона „Жабени“, каде што германскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“ вработи 1600 граѓани, потсетуваат во соопштението од општина Битола.

„Токму затоа, амбасадорката не погреши што избра да ја посети токму Битола. Продолжуваме заеднички да ги презентираме сите поволности и очекуваме нови инвестиции од Австралија во Битола“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, нагласувајќи дека за него останува најголем приоритет подобрување на економската слика и вработувањето на сите граѓани.

avtralija 5

Инвеститорот од Австралија, Михајлов веќе бележи значителни позитивни искуства, кој што за него претставуваат дополнителен поттик за нови инвестиции во родната Битола.

„Мојата инвестиција е во старата касарна. Се надевам дека ќе направам уште неколку објекти како мојата зграда. Имам уште две згради кои што ги градам, а третата инвестиција ќе биде малку тајна. Ќе ја дознаеме наскоро. Досегашното искуство за инвестиции тука е доста добро. Веќе одредени инвеститори беа на одредени локации и на градоначалникот му ги образложив новите планови и очекувам исто така наши исленици од Битола во Сиднеј да започнат со изградба на хотел. Сакам да изразам и голема благодарност на нашата амбасадорка што ја прифати мојата покана и дојде во Битола.“,изјавил Ѓорѓи Михајлов, инвеститор од Австралија.

Покрај инвестицијата на Михајлов во поранешната касарна, тројца инвеститори веќе купија парцели во Инустриската зона „Жабени“ и наскоро се очекува да започнат со изградба на фабрики.