Со посета на Кисела Вода започна циклусот на посети на скопските општини

кисела вода

– Овие средби претставуваат одличка можност да се сретнеме со претставниците на урбаните и на месните заедници од сите општини и да ги слушнеме мислењата на граѓаните за проектите на Градот Скопје и нивните потреби. На овие средби разговараме за прашања кои се во надлежност на Градот Скопје и јавните претпријатија, како што се сообраќајот, јавниот превоз, комуналната хитиена, одржувањето на зеленилото и за многу други прашања. Овие средби покажаа одлични резултати и истите допринесоа за подобрување на меѓусебната комуникација, зголемување на квалитетот на работата на јавните претпријатија и реализација на голем број на проблеми  на терен – кажа градоначалникот Трајановски.

koce grad skopje1

Паралелно со средбите со урбаните заедници и претставниците на општинските администрации, јавните претпријатија на Градот Скопје ќе спроведуваат засилени активности во период од 5 денови, каде ќе извршуваат работи кои се во нивните надлежности.

– ЈП „Паркови и зеленило“ ќе работи на кастрење на крошните на дрвата, сечење на суви гранки, садење на цвеќиња

– ЈП „Комунална хигиена“ ќе врши чистење и миење на улиците, како и замена на оштетените контејнери

– ЈП „Водовод и канализација“ ќе работи на чистење и поправка на сливници, отстранување на дефекти во водоводната мрежа, како и санирање на прекопи

– ЈП „Улици и патишта“ ќе вршат санација на улиците, како и на подобрување на хоризонталната и вертикалната сигнализација

– ЈСП Скопје ќе работат на чистење на автобуските постојки и просторот околу нив.

koce grad skopje2

Градоначалникот на Општина Кисева Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ изјави дека овие редовни средби даваат позитивни резултати и истите ја подобруваат комуникацијата помеѓу урбаните заедници и општинската администрација со јавните претпријатија.

– Oвие средби допринесоа за подобрување на работата на јавните претпријатија, како и за реализација на голем број на проекти со кои директно е подобрен квалитетот на живот на жителите на Кисела Вода. Во договор со ЈП „Комунална хигиена“, оваа акција ќе ја искористиме за собирање на кабастиот отпад на граѓаните, за што апелирам сите жители кои имаат отпад од овој вид (делови од мебел, предмети за домаќинство, електрични апарати и др.) да го изнесат пред нивните домови или во близина на постоечките контејнери, за специјалните екипи на претпријатието истиот да го соберат – кажа Беличанец-Алексиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.