Посета на министерката Шекеринска на НАТО штабот во Брисел

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Брисел во петокот  оствари посета на НАТО штабот во при која реализираше издвоени средби со помошник генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Алехандро Алваргонзалез и помошник генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Хајнрих Браус.

Во разговорите со официјалните претставници на НАТО, соговорниците разменија мислења за актуелните процеси во Република Македонија – имплементација на Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија и фокусот на реформи во судството, во разузнавачките и безбедносните служби, слободата на медиумите и транспарентноста, како и за реформските процесите во одбраната. Двајцата соговорници упатија силна поддршка за реформски ориентираната Влада на Република Македонија и нејзините напори за исполнување на потребните критериуми во евро-атлантските интегративни процеси.

 

Средбите се реализираа на маргините на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и земјите учесници во мисијата „Одлучна поддршка“, кој се одржа вчера. На овој состанок, министерката Шекеринска ги истакна стратешките цели на Република Македонија за членство во НАТО и најави засилено темпо и реформи кон исполнување на критериумите и стандардите на НАТО, како и зголемен придонес на Република Македонија во операциите на НАТО.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.