Посетата на Лавров на Вашингтон потврдa дека Русија и САД се подготвуваат за подобрување на односите

Американскиот претседател Доналд Трамп уште од претходно истакнуваше дека е подгтовен за подобрување на амрериканско-руските односи. Неговата администрација работи со Русија на решавањето на конфликтите во Украина, Сирија, на Блискиот исток и во други региони. Таквата определба тој ја потврди примајќи го средата во Белата куќа рускиот минситер за надворешни работи Сергеј Лавров, што е првиот охрабрувачки сигнал од првата по 2013 година работна посета на шефот на руската дупломатија на Вашингтон.

Пред да разговара со Доналд Трамп, средба за којашто медиумите истакнуваат дека траеле 40 минути, Сергеј Лавров се сретна со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. А резултатите од двете средби, како што истакна првиот руски дипломат, според него се позитивни. Такво е впечатокот од неговата голема прес-конференција која се одржа во руската амбасада во Вашингтон, оценуваат агенциите.
Непоматена позитивна атмосфера

Видно задоволен Лавров на прес-конференцијата истакна дека дијалогот со тимот на Трамп била лишен од идеологизираност, својствена за поранешната администација на американските деморкати. „Сега нашиот дијалог е ослободен од идеологизираност, којашто беше карактеристична за администрацијата (на претходниот деморкатски претседател Барак) Обама. Администрацијата на Трамп, и самиот претседател, и државниот секретар, се луѓе од дела, тие сакаат да се договарат“, рече Лавров во Ваингтон.

Кога станува збор за решавањето на сириската криза, Лавров констатира дека Москва и Вашингтон се подготвени да соработат во создавањето на ткн зони за деескалација којашто претходно беа договорени по руски предлог со Турција, и оти на разговорите со Трамоп и Тилерсонт биле разгледувани мехнизмите за заедничко дејтвување. „Ние сме подготвени да соработуваме во тоа и денеска разгледувавме конкретни механизми, кои можеме заеднички да ги управуваме“, рече шефот на руската дипломатија. „Се надевам дека и за другите територии а кои станува збор, САД исто така ќе можат да дадат свој непосреден придонес во осигурувањето на безбедноста, во следењето на спроведувањето на прекинот на непријателствата и да придонесат за решавање на хуманитарното прашање, бидејќи тоа, исто така, е еден аод функцијите на тие зони за деескализација“, истакна Лавров.

На средбите била постигната согласност „продлжување на заедничката работа и во рамките на форматот во Астана“ каде што под покровителство на Русија, Турција и Иран се одржуваат мировни преговори меѓу сириските бунтовнички групи и тамошната влада, и досега САД не одоговараа на руските покани, а отсега ќе имаат свој претставник во улога на наљудувач. Според Лавров, како и во рамките на „женевскиот процес“, руската страна „го оцени конструктивниот придонес кој САД го имаа на последната средба“ во престолнината на Казахстан.

Лавров изјави дека прашањето за пристап до руските објекти во сојузните американски држави Њујорк и Мериленд, кои ги заплени претходната администрација кога пред крајот на ланската година протера 35 руски дипломати обвинувајќи ги наводно за шпионажа во САД, било споменато на разговроите, но не и прашањето за американските санкции против Москва. „Што се однесува до имотот, тоа е прашање коешто особено се издвојува во нашите преговори. Бидејќи станува збор за наша сопственост, коај е потврдена и со официјални правни документи, издадени во САД, таа сопственост ни припаѓа нам, што и не го одрекуваат нашите американски партнери“. Но шансите за враќање на објектите, за коишто пристапот за Русите го затвори администрацијата на Обама, остануваат непојаснети и од двете страни.

Конкретно за регулирањето на ова и другите слични моменти на „раздразнување“ во билатералните односи меѓу САД и Русија, неодмна беше донесена одлука за содавање канал на ниво на заменици на шефовите на дипломатиите, односно Тоан Шанон и Сегеј Рјабков. Тие претходно на 8 мај во Њујорк ја онаа првата состанок на кој се запознаа со материтјата, а во три дена подоцна нивните шефови овој канал на директна соработка го оценија како полезен и се договорија и натаму да функционира.

Од одговорите коишто Лавров им ги даваше на новинарите на прес-конференцијата во Вашингтон во врска со наводната руска вмешаност во американските претседателски избори во ноември 2016 година, како и за неочекуваното разрешување на директорот на американското Федерално биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, непосредно пред Русинот да допатува, се добива впечаток дека овие настани не ја поматиле атмосферата на неговата посета. Во манирот на својата функција, Лавров одговараше дека „американските внатрешни работи“ не биле разгледувани на неговата средба со Трамп. А постојаното гласно споменувано од страна на американската демократска опозиција скандалот за наводните „руски траги“ во американскиот изборен процес, тој ги нарече „Баханалии“.

Насамо со Кисинџер

Голем дел од шпекулациите на оваа тема во САД се изградени околу контактите на луѓето од окружувањето на Трамп со рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кислјак. Оттаму, големо внимание на американските медиуми ѝ беше дадена на посетата Лавров на Белата куќа придружуван токму од амбасадорот Кислјак. Од снимките и фотографиите од Овалниот кабинет на американскиот претседател, видно е дека Трамп расположено ги прима и двајцата.

Новинарите акредитирани во Белата куќа биле поканети во споменатиот кабинет, веднаш по заминувањето на руските гости, при што Трамп изјавич дека средбата била „многу, многу добра“. „Се случуваат работи, коиштео реално, реално се позитивни. Ние ќе ги спречиме убиствата и гинењата на луѓето“, изјави Трамп.

Новинарите од претседателскиот пул пренесуваат дека биле немалку изненадени кога во Овалнито кабинет го затекнале поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер. Средбата со него не била објавена во распоредот на американскиот претседател. Трамп рекол дека со Кисинџер разговарал со Кисинџер „за Русија и разни други работи“. Според него, му претставува чест да разговара со „својот дамнешен пријател“ патријархот на американската геополитија, кој на 27 мај ќе наполни 94 години.
Официјално воздржано

Иако според вообиачаенот досегашен диполматски манир беше интонирано официјалното соопштение на Белата куќа во врска со посетата на Лавров, сепак и во него се насетува доза на оптимизам. Во прв ред се истакнува дека средбата доаѓа како резултат на априлската посета на државниот секретар Рекс Тилерсон на Москва. „Претседателот Трам особено ја истакна потребата од заеднички дејствија, посебно во врска со прекинувањето на конфликот во Сирија. Тој истакна дека Русија мора да ги заузди режимот (владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад), Иран и иранските инструменти“.

Се споменува и оти Трамп го покренал и прашањето на Украина и ја „изразил посветеноста на неговата админситрација да продолжи да учествува во решавањето на конфликтот, а исто така ја потцрта одговорноста на Русија за целосно имплементирање на договорите од Минск“. Исто така, се констатира и дека Трамп „ја спомена можноста од поголема соработка (со Русија) во решавањето на конфликтите на Блискиот исток и на други места“.

Во принцип, „претседателот ја истакна својето желба за градење на подобри односи меѓу САД и Русија“, заклучуваат од Белата куќа.

Од својата страна американскиот Стејт департмент, исто така, се огласи во врска со средбата на шефовите на дипломатиите, којашто траела, како што е истакнато во соопштението повеќе од еден час. Во него не е изоставена досегашната фраза дека американските санкции против Русија, воведени поради ситуацијата во Украина „ќе останат на сила се додека Москва не ги запре сите активности кои доведоа до нив“. Се констатира дека Соединетите држави и Русија се договрија да го продолжат дијалогот за други прашања од заеднични интерес, вклучително и во сферата на стратешката стабилност“.