Посетата на Попоски на Атина чекор напред во решавањето на спорот за името

Потпретседателот на Собранието и поранешен шеф на дипломатијата, Антонио Милошоски денеска оцени дека претстојната посетана министерот за надворешни работи, Никола Попоски на Атина е многу важна, прва и историска откако Грција во 2004. година ги забрани и замрзна билатералните посети од двете страни.

Тој очекува посетата на Попоски да биде продуктивна и чекор напред во решавањето на прашањето за името.

– Грција, како совесна членка на ОН, ако сака да даде свој придонес во билатералниот спор, треба да ја почитува пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Сите други мерки би биле само за создавање впечаток и би имале фасадна улога, а нема да значат чекор напред кон деблокирањето на Македонија за НАТО и ЕУ, рече Милошоски во изјавата по седницата на Анкетната комисија за прислушувањето, одговорајќи на новинарски прашања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.