Поштар оставил 11 пензионери без пари, присвоил 113 илјади денари

Поштар на „Македонски пошти“ во декември лани оставил 11 пензионери од Кочани без пари.

Четириесет и седумгодишниот Ѓ.М. од Кочани, како што информира полицијата, наместо да им ги достави пензиите на пензионерите тој ги фалсификувал нивните потписи и ги зел нивните пари.

Според полицијата, поштарот си присвоил 113.328 денари.