Поштар се застрелал со пиштол на работното место

Поштар, додека се наоѓал на своето работното место во објектот на Македонски пошти во село Злетово, се застрелал со испукување на куршум од својот пиштол марка „Застава”, што легално го поседувал со Дозвола за оружје.

Како што информираат од МВР, станува збор за 31-годишниот Т.Д. од село Злетово, а инцидентот се случил вчера околу 13, 15 часот.

Имено, поштарот вршел разнесување на пензии низ с.Лесново-Пробиштип, при што со себе го зел и пиштолот, во кој ставил рамка со 8 куршуми, го репетирал и го ставил во торбата заедно со парите од пензиите.

Кога се вратил во објектот на Македонски пошти, го извадил пиштолот од торбата и се обидел да го вметне во футролата која ја носел на појасот, при што дошло до испукување на еден куршум, кој го погодил водесната потколеница, нанесувајќи му влезно излезна рана.

На Т.Д. му била укажана лекарска помош во с.Злетово, од каде со возило на Брза помош бил однесен во Клиничката болница -Штип, по што е пуштен на домашно лекување.

По овластување на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, бил извршен увид.