Поштар ставал во џеб службени пари

Четириесет и четиригодишниот Б.Б. од Гевгелија, вработен како поштар во АД Македонска пошта доби кривична пријава поради сомнение дека сторил седум кривични дела.

Во периодот од 2013 до јануари 2015 година, пријавениот во службените простории на поштата незаконски се послужувал и присвојувал парични средства од повеќе лица кои ги уплаќале паричните средства и тоа: во два наврати од две лица во износ од 89.359 денари кои требало да ги уплати на нивните штедни книшки ги присвоил за себе, а потоа внел невистинити податоци во книшките. Исто така, во повеќе наврати од други лица кои уплаќале парични средства за сметки паричните средства ги присвојувал за себе, притоа фалсификувајќи ги потписите во уплатниците.