Поштенска маркичка продадена за 9,5 милиони долари

Поштенската марка од 19 век од британската колонија во Јужна Америка продадена е на аукција во Њујорк за 9,5 милиони долари (7 милиони евра), соопшти вчера вечер аукциската куќа Сотби.

Оваа необична марка од 1856 од Британска Гвајана веќе три пати во својата историја ги соборувала вредноста на аукциите за поединечно продадена маркичка. Оваа поштенска маркичка е со димензии 2,5х3 центиметри не е видена во јавноста од 1986 година. Тоа е единствена марка која недостасува во приватната колекција на британското кралско семејство.

Последниот сопственик на маркичката од Гвајана бил Џон Е. Ди Понт, наследник на богатството на семејната хемиска компанија, кој е осуден за убиство на олимпискиот шампион 1984 година. Нејзин прв сопственик бил 12-годишниот Шкотланѓанец кој живеел во Јужна Америка и кој ја додал во својата колекција бидејќи случајно ја пронашол меѓу семејните документи 1873 година.

Марката ја продал за пар шилинзи на локалниот колекционер Нил Мекиноу. Мекиноу маркичката ја чувал цели пет години и потоа ја продал на дилер од Ливерпул кој ја увидел нејзината посебност. Маркичката потоа е продадена на германскиот гроф Филип фон Ферај, кој важел за еден од најглемите колекционери на маркички.

После неговата смрт 1917 година,маркичката станала дел од колекцијата во музеј во Берлин, а колекцијата ја превземала Франција на име на воени репарации да и прадавала на 14 аукции.

Поштенската маркичка од Гвајана е продадена за 35.000 долари во 1922, што тогаш било рекорд за една маричка. До сега маркичката е препродавана повеќепати, а последниот рекорд го постигнала 1980 година, кога е продадена за 935.000 долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.