Македонија

Поштенски марки за наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“

Поштенски марки за наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“

Денеска ќе бидат промовирани новите поштенски марки на тема „Фискална во рака – награда без мака“.

Марките се наменски, исклучиво за наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ и се со симболична цена, а во оптек ќе бидат од денеска.

На настанот ќе говорат генералниот директор на АД „Македонска пошта“, Рафис Алити и Заменик на Претседателот на Владата и министер за финанси – Зоран Ставрески, а ќе се одржи 14 часот, во поштата во Градски Трговски Центар.