Поскапуваат цигарите

Цигарите низ Македонија од денес ќе се продаваат со повисока цена. Малопродажните места веќе добиле информација дека цигарите поскапуваат од 3 до 5 денари по кутија.

Нови цени ќе имаат сите цигари на Тутунскиот комбинат Прилеп меѓу кои и најпопуларните Бренд.

Поскапуваат и брендовите Европа, Сан како и новите варијации на Марлборо кои од 90 денари добиваат нова цена која ќе изнесува 95 денари за една кутија.

Дополнително од 1 јули годинава се зголемува и акцизата за цигарите што ќе повлече ново поскапување од 3 денари по кутија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.