После шлаканицата во Брисел, СДСМ ќе води дијалог

Опозицијата предводена од Зоран Заев и Радмила Шекеринска седнува на дијалог со власта, по бројните пораки кои дојдоа до социјалдемократите од меѓународниот фактор дека бојкотот не е решение и нивното место е во Парламентот, објавува порталот „Курир“.

По шлаканицата од Брисел кое ја доби раковдството на СДСМ од Еврокомесарот за прошитување Штефан Филе, опозицијата ќе води политчки дијалог. Петер Ванхоуте, белгискиот експерт кој на предлог на ЕУ учествуваше како медијатор во ад-хок Комисијата за расветлување на настаните од Собранието на 24 декември 2012. година, сега повторно е ангажиран во Скопје, делегиран директно од еврокомесарот за проширување Филе.

Европската Унија и еврокомесарот Филе им дадоа јасна порака на Заев и Шекеринска да се вратат во Парламентот на наеодамнешната средба во Брисел, но најголемата опозициска партија продолжува со барањето за техничка влада, што според експертите е налудничаво барање.

-На сите им е јасно дека опозицијата е во безизлезна состојба и никој не се потресе од нивната одлука за бојкот, од нивното забегување со најава на некакви паралелни парламенти , што наликува на многу нешта, но не и на политика. Опозицијата би требало да се прости од идеите за формирање на техничка влада или предвремени избори. Техничка влада е налудничаво барање, смета аналитичарот Ивица Боцевски и според него СДСМ е извор на постојана криза секогаш кога се наоѓаат во опозиција.

СДСМ да се врати на работа и проблемите да ги решава преку дијалог. Ова беше апелот од пред неколку дена на политичките партии од Европскиот парламент. И левицата и десницата се едногласни-бојкотирањето на институциите е нездраво за демократијата. Од групата на Европските социјалисти и демократи изјавија дека ги поддржуваат изјавите на еврокомесарот Штефан Филе, кој ја повика опозицијата да се вклучи во работата на Собранието.

Наспроти ова и јасниот меѓународен притисок врз СДСМ да се врати во Собранието, поради и што опозицијата седнува на дијалог со власта, новинари блиски до најголемата опозициска партија се обидуваат да претстават слика дека Заев и Шекеринска наводно поентирале со ваквиот чекор.

За ова секако е задолжена ударната медиумска тупаница на СДСМ, Бранко Героски, кој вели дека политиката на бојкот на парламентот почнала да ги дава првите видливи резултати, иако и тој самиот ги менува целите на бојкотот и ретерира од своите првични пишувања.

Героски, кој пред парламентарните избори тврдеше дека во услови на ваков “режим“ немале шанса да дојде до промена по пат на избори, сега вели дека власта се добива и се губи на избори, само на избори.

-Луѓе, сфатете, немаме шанси во услови на ваков режим да дојдеме до промена по пат на избори. Фер избори може да организира само техничка влада, со силен меѓународен мониторинг. А до тоа СДСМ никогаш нема да дојде дремејќи со триесеттина пратеници во парламентот и глумејќи опозиција, пишуваше Героски.

Медиумската перјаница на СДСМ во својата најнова колумна сега никаде не споменува барање за техничка влада, туку вели дека резултат на овие проговори мора да биде политичка волја да се промени начинот на кој денес се владеело во Македонија.