После Видиќ, Интер го купува и Чичарито

Српскиот интернационалец, Немања Видиќ најверојатно нема да биде единствениот фудбалер кој во актуелната сезона го носи дресот на Манчестер Јунајтед, а во новата ќе го носи дресот на италијанскиот калчо гигант, Интер.

Близок извор до таборот на „нероазурите” откри дека новиот сопственик на Интер, познатиот бизнисмен од Индонезија, Ерик Тохир повторно остварил контакт со раководните лица на Манчестер Јунајтед, но сега од нив ги бара услугите на мексиканскиот интернационалец Хавиер Ернандез.

Сопственикот на Интер веднаш бил информиран дека популарниот Чичарито може да добие дозвола за промена на клупската средина доколку понудата на Интер не биде помала од 17 милиони евра.

Репрезентативецот на Мексико веќе демонстрирал подготвеност за промена на клупската средина за време на летниот преоден рок, но, под еден услов, заинтересираниот клуб да му понуди годишна плата од најмалку 2.3 милиони евра.