Последен ден од расправата за ребалансот на Буџетот

Пратениците во македонскиот ден во неделата последен ден ќе расправаат за предлогот за ребаланс на Буџетот на пленарната седница во Собранието која е закажана за 13 часот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поосчуваа изминатите денови од расправата дека вака како што е проектиран, ребалансот на Буџетот нема да овозможи никаков пораст на економијата и тешко ќе бидат остварени 2,2 отсто пораст на домашниот бруто производ (БДП). Тие предвидуваат дека до крајот на годината ќе има уште еден ребаланс.

Опозицијата, исто така, смета дека со ребалансот нема да се дојде до зголемување на платите, пензиите, субвенциите и нема да има поголем животен стандард на граѓаните, туко оти за сметка на тоа ќе има изградба на кампови за мигранти.

Власта, пак, тврди дека со ребалансот на Буџетот, парите се кратат од непродуктивни трошоци и се насочуваат кон граѓаните и компаниите. Претставниците на парламентарното мнозинство велат дека ќе мора да се враќаат и стари долгови, бидејќи претходната влада се задолжувала со кредити со високи каматни стапки.

Предлогот за разрешувањето на Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски треба да се најде на дневен ред на Собранието утре. Меѓутоа, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа итна седница на којашто ќе се расправа за ситуацијата со пожарите во земјата.

Доколку предлогот за разрешување на Зврлевски биде изгласан на седницата во понеделник, веќе следниот ден пратениците ќе заминат на одмор. Доколку расправата се оддолжи, пратениците од мнозинство најавија дека ќе се откажат од одморот сѐ додека Зврлевски не биде разрешен.