Последна изведба на „Атила“ во МОБ

Последна изведба на оперската претстава „Атила“ во среда со почеток од 20 часот во Македонската опера и балет.

Претставата премиерно беше изведена минатата сезона, по повод 200 години од раѓањето на големиот оперски композитор  Џузепе Верди.

Во главните улоги во среда ќе настапат во улогата на Атила Иван Томашев од Србија, Ецио ќе го толкува Нико Исаков  од Бугарија, во улогата на Одабела е Весна Ѓиновска Илкова, Форесто ќе го толкува Ѓорѓи Цуцковски, улогата на  Улдино ќе ја толкува Дејан Стоев,  а Леоне ќе биде Диме Петров

Режисер на претставата е Дејан Миладиновиќ од Србија, а диригент ќе биде неговиот сонародник Ѓорѓе Павловиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.