петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 44

Последна недела од изборната кампања

133441576

Последни вести

Политичките партии денеска продолжуваат со активности за изборната кампања за предвремените параламентарни избори  што ќе се одржат в недела.

Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе одржи митинзи во скопските општини Кисела Водаи во Центар, а коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ во Дебар, Стругаи во Охрид.

Митинг најави и коалицијата „Алијанса за Албанците“ пред жителите на Куманово.

Носителот на кандидатската листа на Коалицијата за промени и правда во Изборна единица 5 Александар Делов ќе говори на  прес-конференција во Кичево, а носителот на кандидатската листа на Левица во Изборна единица 4 Митко Николов ќе има средба со граѓани на градскиот плоштад во Прилеп.

За денеска е најавено и потпишување документ за заштита и унапредување на животната средина од страна на политички партии од Изборна единица 6, во просториите на движењето „Еко Герила“ во Тетово.

Најчитани вести