Последна опомена до Вучиќ од Брисел: ЕУ или Русија

Јоханес Хан, европскиот комесар за политика на источното соседства и преговори за проширување, денеска доаѓа во посета на Белград и како што што објавува српски Курир, а пренесува НетПрес, тој ќе ја донесе пораката до Владата дека е време да ја усогласи својата надворешна политика со надворешната политика на Европската Унија.

Тоа значи, наведува изворот на Курир, дека Србија се приближи до моментот кога не може повеќе да балансира меѓу Русија и ЕУ, туку дека конечно мора да се одлучи и да заземе страна.

„Завршивме со политиката на балансирање. Мораме да се сметиме каде припаѓаме и таа одлука да ја донесеме за многу брзо време“, дознава Курир од дипломатски извори.