четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 8

Последна шанса за Македонија

Stefan Vlahov – Micov

Поврзани вести

Последната реченица од мојата претходна колумна беше дека денес на страната на македонскиот народ е само Господ. Меѓутоа, се потсетив на анегдотата дека некој човек секој ден се молел на Господ да спечели на лотарија. Господ вознемирен од неговите секојдневни молби извикал:

„Идиоту, па купи веќе еднаш лоз?“.

Само во последниве три години Господ ни даде бројни шанси да си ја зачуваме државата, а ние ги прокоцкавме како невидени глупаци. Притоа, нашироко се жалиме: Врз Македонија има притисоци, врз Македонија има пуч, врз Македонија има геноцид и т.н.

ТОА Е САМО ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА. ДРУГИОТ ДЕЛ СЕ СОСТОИ ВО ПРАШАЊЕТО: А ШТО ПРАВИМЕ ЗА ДА ГИ ОДБИЕМЕ ПРИТИСОЦИТЕ, ПУЧОТ, ГЕНОЦИДОТ? ОДГОВОРОТ Е ЕДНОСТАВЕН: НИШТО НЕ ПРАВИМЕ И ЗАТОА ИСТОРИЈАТА НИ СЕ ПОВТОРУВА И ТОА МНОГУ ПАТИ САМО ВО ПОСЛЕДНИОВ ВЕК.

Психологијата на македонските револуционери и политичари да прифаќаат или лажна идеологија која ги води во канџите на соседите и во братоубиство, или да го прифатат бараното за реално (и врз основа на тоа да се топорат со измислен ајдучки шмек) е добро позната на странците уште пред еден век.

ЗАТОА ГОЛЕМИТЕ СИЛИ И МАКЕДОНСКИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ ВО СОСЕДСТВОТО ИЗГРАДИЛЕ ПСИХОЛОШКИ ПОРТРЕТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЛИДЕРИ, ПРЕКУ КОЈ ГО МАНИПУЛИРААТ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. ГО МАНИПУЛИРААТ ЗАШТО ДОБРО ЗНААТ ДЕКА НАРОДОТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ САМООРГАНИЗИРА И БАРА ЛИДЕРИ.

Така што, манипулациите се исти и пред и по Илинден, и пред и по Балканските војни и Првата светска војна, и по Втората светска војна, и денес. И сите манипулации успеваат, независно што македонските лидери се различни.
Каков е групниот профил на македонскиот лидер (тука не зборувам за исклучоци) барем од пред сто години наваму? Попустлив на странски влијанија, затоа што му недостасува самодоверба. Таа попустливост се обидува да ја компензира со егоцентризам, со спремност за братоубиство, ЗАТОА ШТО НЕМА НАЦИОНАЛЕН КОНЦЕПТ ДУРИ И КОГА ТВРДИ И МИСЛИ ДЕКА ГО ИМА. Затоа во Македонија и по Втората светска војна, и по 1991 година има ПАРТИСКИ РЕПРЕСИИ, ПАРТИСКИ ДИКТАТУРИ, НАМЕСТО НАЦИОНАЛНА ДИКТАТУРА. Националната диктатура се базира на чисто национални македонски интереси.

Затоа и Гоце Делчев вели:

„Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец“.

Проблемот е, дека независно од своите зборови, самиот Делчев попуштал на бугарскиот врховизам. ОД МИНАТОТО ДО ДЕНЕС ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ПОПУШТААТ ЗАРАДИ СВОЈОТ ДЕМОКРАТИЗАМ И КОСМОПОЛИТИЗАМ. ДРУГИ КОИ БИЛЕ ЦВРСТИ И ЕДНОСТАВНИ КАКО ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ И ИВАН МИХАЈЛОВ, БИЛЕ ЗАДОЕНИ СО ГОЛЕМОБУГАРИЗАМ. ЗАТОА БИЛЕ БУГАРСКИ МАРИОНЕТИ, А ИНАКУ ЦВРСТИ ВО УБИСТВА НА МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТИ. СО ЕДНА РЕЧЕНИЦА: НИ НЕДОСТАСУВААТ ЛИДЕРИ КОИ ЌЕ БИДАТ ЖЕСТОКИ И НЕПОПУСЛИВИ КАКО КОН ВНАТРЕШНИТЕ НЕГАТОРИ НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ (ИДЕНТИТЕТ), ЈАЗИК, ИСТОРИЈА, ТРАДИЦИИ, ТАКА И КОН НАДВОРЕШНИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НЕЗАВИСНО ОД КАДЕ И ДА ДОАЃААТ. ШТО ЗНАЧИ ТОА?

Прво, односот кон денешниот свет да биде преку…!–nextpage–>Прво, односот кон денешниот свет да биде преку призмата на нашите веќе спомнати македонски национални вредности. Кога станува збор за членство на Македонија во какви и да било организации и сојузи (политички, воени, трговски, културни, спортски), критериум да биде целосното зачувување на македонските интереси.

Второ, односот кон членство во сојузи и организации од секаков вид да биде врз база, што позитивно може да добие Македонија од тоа. Позитивно од практичен аспект, материјален аспект. Празни пофалби и тапкање по рано не топлат никого и не полнат ничиј џеб.

Трето, веднаш да бидат елиминирани можностите за уцени преку кандидатирањето во сојузи и организации. На пример: За членство во НАТО и ЕУ бараме од вас тоа и тоа… Штом барате, ајде чао. Има и алтернативни организации.

Четврто, по секоја цена да бидат елиминирани зависностите од надвор. Ако не допушташ странски инвестиции од непријателски држави, странски експерти во политиката, економијата, образованието кои ја манипулираат македонската политика, економија, култура, со што ќе те уценуваат?

ТУКА ДОАЃА ПРОПАГАНДНАТА ЛАГА: ТОГАШ МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИЛА ИЗОЛИРАНА. ГЛУПОСТИ, ВО СЕГАШНИОТ СВЕТ НА ПОВЕЌЕ ОД 200 ДРЖАВИ НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ИЗОЛИРАН.

Со колку од нив мора да одржуваш контакти за да не бидеш „изолиран“? Со 150, 100, 50, 20 ? Да не е изолирана Куба, која прва во светот направи вакцина против рак? Да не е изолирана Северна Кореа, која е во центарот на светското внимание затоа што не свитка ‘рбет? Да не е изолиран Катар? Или пак Белорусија, која има повисок стандард на живеење од повеќето балкански земји, вклучително Бугарија и Романија кои се топорат со НАТО и ЕУ.
Друга глупост е дека Македонија морало да попушта затоа што била на „линијата на огнот“ меѓу САД и Русија. Па, токму кога си во таква состојба можеш да го свртиш вниманието кон себе, да се определиш за идниот победник и да профитираш. Но, мора да го знаеш победникот иако не е тешко да се види тоа, мора да имаш и три чисти да се определиш официјално и да понесеш жртви, кои потоа ќе се компензираат. Ќе имало меѓуетнички судир, меѓумакедонски судир. А, кога во последниве 2-3 века немало такви судири? Проблемот не е во судирите, туку во крајната цел: МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА, А НЕ БУГАРСКА, ГРЧКА, ШИПТАРСКА, СРПСКА, АМЕРИКАНСКА. ДОСЕГА МЕЃУМАКЕДОНСКИТЕ СУДИРИ НЕ БИЛЕ ЗА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА, ТУКУ ЗА СТРАНСКИ ИНТЕРЕСИ.

Кратко кажано: ПОТРЕБНИ НИ СЕ ЛИДЕРИ, ЦВРСТИ И ЕДНОСТАВНИ КАКО ДЕНЕШНИТЕ КОСОВСКИ „КОМАНДАНТИ“. ЛИДЕРИ КОИ ЗНААТ ДА УДРАТ НА МАСА И НА ТЕРЕН И ЗВУКОТ ДА СЕ СЛУШНЕ ДО БОСФОР. МАКЕДОНИЈА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДБРАНИ ВО ПОСЛЕДНИОТ МОМЕНТ САМО АКО ВНАТРЕШНИТЕ И ЗАПАДНИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ СЕ СООЧАТ СО НОВ ТИП МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАР, СО НОВ ПРОФИЛ И ПСИХОЛОГИЈА.

Во минатиот век ВМРО не можеше да најде лидер со македонска национална идеологија и заврши неславно (1934 година). Денес изгледа ќе се случи истото, ако не се случи чудо и Груевски не се прероди. Македонскиот народ е тука и ќе продолжи да живее како и по 1934 година. НО, ЗА ДА ПРОДОЛЖИМЕ ДА ОПСТОЈУВАМЕ КАКО МАКЕДОНСКИ НАРОД КОГА ДЕНЕС СМЕ ПОД ЦЕЛОСНА ОКУПАЦИЈА – ВОЕНА НА НАТО И ПРЕКУ КВИСЛИНШКАТА ВЛАДА ЗАЕВ-АХМЕТИ-СЕЛА, МОРА ДА СЕ КОРИСТИ СООДВЕТНА ТАКТИКА ЗА БОРБА. А, ТАА БОРБА БАРА СООДВЕТНИ ЛИДЕРИ.

Најчитани вести