Последната минута во јуни ќе трае 61 секунда

Последната минута од месец јуни 2015 година ќе трае 61 секунда. Овај исклучок се објаснува со неправилната ротација на Земјата, која е многу помалку прецизна од од атомските часовници, кои го мерат времето на човекот.

Во сите земји во светот, во ноќта на 30 јуни – 1 јули на “Координирано Универзално Време” UTC (GMT како често се нарекува позастарен начин), минута помеѓу 0:00-11:59 ќе трае за една секунда подолго од нормалното. Во Франција, втората “интеркалација” ќе се лизга меѓу 01:59 и 02:00 минути на 1 јули, јавува допсиникот на МИА од Париз.

Обичните луѓе нема да ја забележат разликата. “Но, ако тие се многу загрижени, тие секогаш можат да ги наместат стрелките (бројките) на нивните часовник со точното време, ако се јават на часовникот кој зборува“ – изјави Даниел Гамбис, директор на оддел задолженз а следење ротација на Земјата, и одговорен да одлучи на меѓународно ниво за додавање на овие додатни секунди.

Сепак, “Големи системи за сателитска навигација, големите системи за синхронизација на компјутерски мрежи треба да ги земат во предвид овие промена, или во спротивно постојат ризици од ‘грешки'”, додава Гамбис, чија служба се базира на Опсерваторијата Париз.

Со оваа дополнителна секунда, човекот сака да ги усогласи двете скалила на времето, на универзалното време (UT) базиранона ротација на Земјата и нејзината позиција во однос на ѕвездите и таа на Меѓународното атомско Време (ТАИ), дефинирано во1971 година од светот на атомските часовници.

Кога Координирано Универзално време (UTC) беше создадена во 1972 година од страна на меѓународен договор, беше договорено дека јазот меѓу двете не треба да надминува 0,9 секунди. Покрај тоа, престапните секунди треба да се вметнат во UTC.

Од 1972 година, беа додадени 26 секунди (вклучувајќи ја и таа од 30-ти јуни). Последните скок беше во средината на 2012 година, а претходната во 2008 година.

“Во јануари, го предупредивме светот дека треба да се додаде секунда во ноќта на 30 јуни-1 Јули”, вели Даниел Гамбис, чија служба е огранок на службата на ротација на Земјата и Референтни системи (IERS).

“Земјата ротира неумерено, додека атомските часовници се драстични”, додава астрономот задолжен за мерењето на времето.

На многу долг рок, планетата земја има тенденција да се забави, тоа се должи на гравитацијата на Месечината и Сонцето, која е одговорна за плимата и осеката. Таа е, исто така, чувствителна на движењето на воздухот, промените во обвивката со мразна половите, земјотресите …

Тековната атомски часовници, кои се потпираат на својствата на атомите за мерење на времето, сепак, се од таква точност, што тие можат да погрешат за една секунда на секои 300 милиони години.

Во моментов има околу 400 атомски часовници во светот – вклучувајќи и 25 од нив се во Франција – кои им овозможуваат на Меѓународното биро за тегови и мерки (BIPM), во Севр во бизлината на Париз да го пресметува Координираното Универзално време (UTC).

Но, остварувањето на Престапна секунда не е по вкусот на сите и некои земји (како САД, Франција …) сакаат да се отстранисметатјќи дека тоа е непотребно и сложено, барајќи да се остане само на атомските часовници додека другите (вклучувајќи ги Велика Британија) се залагаат за нејзино задржување.

Во ноември 2015 година во Женева ќе се одржи средба како дел од ITU (Меѓународната унија за телекомуникации), на која ќе се разговара за научното ниво на одржување или не на оваа постапка. Ако предоната секунда биде отстранета, UTC ќе биде одвоено од ротацијата на Земјата.