Последната плажа во Европа раздвоена за мажи и жени

Плажа во Трст, стара 114 години, е своевидна институција која се претставува како последната плажа во Европа на којашто мажите и жените се капат одвоено, иако, како што се чини, на задоволство на двата пола.

Во Трст, град на самата граница со поранешна Југославија, со завршувањето на Студената војна и проширувањето на Европската унија многу од децениските бариери меѓу Истокот и Западот паднаа, но на една од нив ова пристаниште на јадранскиот североисток и натаму е горда. Станува збор за белиот ѕид кој ги разделува мажите и жените на плажата Бањо Алла Лантерна, која е единствената по тоа што е последната европска плажа на којашто се капат припадниците на различните полови.

„Можеби звучи парадоксално, меѓутоа ѕидот нѐ прави послободни, а не помалку слободни“, коментира Сабрина Пекијари, учителка во основно училиште и редовна посетителка на плажата.

Плажата, коешто локалното население ја нарекува Ел Педокин, е основана во 1903 година, во времето додека Трст бил под австроунгарско владеење. Останала вистинска институција и во текот на турбулентната историја на градот во текот на XX век, вклучително и двете децении од фашистичкото владеење со градот и англо-американската окупација од 1947 до 1954 година.

Мажите и жените на плажата во прво време биле одвоени со ограда, а подоцна таа е заменета со ѕид. Оградата меѓу половите паднала само еднаш, во 1959 година, кога е тргната за жените да добијат повеќе место за нив во однос на мажите.

el pedocin 01

„Жените го сакаат ова место бидејќи им овозможува приватност. Без ниеден маж во близината, понекој килограм вишок или не сосема совршени нозе не претставуваат проблем“, вели Микол Брусафери, новинарка којашто напишала две книги за легендарната плажа.

Во земја во којашто наголемо се негува шовинистички однос кон жените, каде што надворешниот изглед е многу важен а жената цело време е под притисок на проценувањето како изгледа, оваа плажа во Трст осигурува бегство од општествениот кошмар: на неа и осумдесетгодишни може да одат топлес или да носат бикини, доколку сакаат, истакнува Брусаферо.

Мажите од другата страна, пак, ја ценат оваа плажа „бидејќи им дава моменти на слобода од нивните здодевни жени“, вели Џанмарко, кој не сака да се претстави со цело име, додека неговиот татко Елио клима со главата во знак на согласување со синот, се наведува во репортажата на DPA.

Плажата е отворена во текот на целата година, а преку летото провлекува дневно до три илјади посетители. На неа се доаѓа со задоволство и поради тоа што е во близина на центарот на градот, а и зашто цената на влезницата изнесува само едно евро.

Нејзиниот назив Педокин доаѓа од името на школките коишто некогаш на тоа место ги имало во голем број, кои на Јадран локално се нарекуваат педочи, а станува збор за дагњи.

Поделбата на плажата на женски и машки дел се укинува само еднаш во годината, кога се одржува летната забава, исполнета со танцови и пијалаци. За тоа сведочи и документарниот филм снимен за Ел Педоцин, која премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал во Кан минатата 2016 година, и постигна голем успех во локалните кина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.