ИД објави нова снимка со последните зборови на напаѓачите од Париз

ИД објави нова снимка од напаѓачите од Париз. Терористичката организација синоќа на интернет објави видеоснимка, која според нив ги покажува последните зборови на деветмината напаѓачи на 13 ноември минатата година во Париз, кога тие убија 130 лица, пренесува МИА.

Како што јави БТА, автентичноста на снимката не е потврдена, а француското Министерство за надворешни работи одби да даде коментар. Досега нема реакции ни од канцеларијата на францускиот премиер.

Видеото беше објавено на официјалниот сајт на ИД и на него се прикажани некои од напаѓачите, облечени во маскирна облека во пустински предел пред нападите во Париз.

Ова се последните зборови на деветмината претставници на калифатот, кои беа испратени да клекнат една цела земја, Франција на колена, изјави портпарол зад кадарот.

На видеоснимката се прикажани и кадри со убиства на заложници, а меѓу егзекуторите се и некои од париските напаѓачи.