Последните препелкања на СЈО

Серјожа Неделкоски

Очигледна е нервозата на СЈО поради сопствената свесност дека не поседуваат никакви докази и затоа со лажни и клеветнички изјави прават обиди да ја прикријата својата партиска пристрасност поради што на сомневање се подготвени да ја стават дури и својата професионалност. До крајот на оваа седмица, СЈО ќе соопшти за кои предмети ќе бидат поднесени обвиненија. СЈО започнаа вкупно 15 истражни постапки чии наслови почнуваат на буквата „Т“, а кои произлегуваат од снимки што се добиени при незаконско следење на комуникации.

Да се потсетиме дека основањето на СЈО чиј мандат завршува на 30 јуни и потоа не смее да води ни истражни постапки, беше дел на политички договор од Пржино, и како таков претставува клонирана институција којашто нема своја уставна заснованост, тело основано за излез од повеќе од двегодишната политичка криза за водење постапки за кривични дела во врска со незаконнското прислушување на телефонските разговори и случаи кои произлегуваат од тие разговори. Според членот 22 од Законот за СЈО, јавниот обвинител кој раководи до Јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци. Тоа значи дека времето на дејствување на специјалениот јавен обвинител е ограничено на 18 месеци, затоа што и меѓународните претставнции како негови метори, процениле дека во овој временски период ова обвинителство ќе може да ги истражни сите незаконити телефонски прислушувани разговори и таму каде што ќе оцени дали постои или не одредено казниво дело да ја спроведе постапката.

Но треба да се биде начисто дека по 30 јуни ова јавно обвинителство не може ниту да покренува ни претходни, ниту истражни постапки, ниту да поднесува обвиненија против некој. Рокот е строго утврден за СЈО и само во рамките на овој рок тоа може да поденесува обвиненија или да запре истрагата, на пример за Заев.

Сега, пак, станува и повеќе од очигледно дека СДСМ ги смета Јанева и нејзините соработници за исклучиво свој инструмент и бара начини како да го продолжи векот на СЈО, на пример со негово целосно префлање во Основното јавно обвинителство. Затоа СДСМ веќе најави дека во собраниска процедура ќе бидат пуштени законски измени за СЈО, а кои се однесуваат во прв ред на продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство за поднесување обвиненија.  Меѓу барањата се и продолжување на рокот за поднесување обвиненија, како и закон за заштита на сведоци, со што СЈО би добиле поголема независност и услови за поефикасна работа.

Во слободниот пад во обидите за дефокусирање на јавноста, и особено во последниот период расколебаното победничко чувство во сопственото членство, од главната причина за што се добија, или поточно со што се заслужија, потписите на 18 пратеници од албанските партии за да се бара мандат за состав на влада, стануваме сведоци на она за што сега сиот нормален и развиен демократски свет, нели, се бори. Лажните, односно измислени вести. И доколку изворите на ваквите „специјални брифинзи“ се навистина оние што го посочуваат македонските „општествено“ спонзориран проект портали, тоа дава голема поткрепа на тврдењата дека инсценирањето на кризата пред три години е заговор креиран и координиран однадвор.

Но нејсе, ова сегашно лиферување на најави, или поправо закани, како претходно лажните информации во предизборниот период преку социјалните мрежи, всушност покажува како е планирано да функционира македонскиот медиумски простор, кој целосно откако се создаде независна држава, неможејќи да излезе од комунистичката ментална замка, прави еквилибристики на демократичност, кој всушност може да се наречат мозочни котелеци за кои врв на професионалната етика е лојалноста кон плаќачот и „правоверноста“.

Во контекстот на дефокусирањето на избирачите во пресрет на локалните, а зошто да не и повторени предвремени парламентарни избори, и во услови кога програмата на оние што составија влада и самата нема ниту поставени контури и сé се сведува на провизорни најави за расчистување со досегашните политики, може да се очекува преокупираност со случаите што ќе ги отвора СЈО, коешто на јавноста ќе мора конечно да ѝ ја докаже својата партиска неселективност, за да може таа да ја прифати во нејзините обиди да се етаблира во постојните и уставни правосудни инстанци. Така обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи, којшто денеска беше во Кривичниот суд каде што го застапува обвинението за случајот „шамарите во Центар“ кусо истакна дека до крајот на неделава СЈО ќе објави за кои предмети ќе поднесат обвинение. А, иако има уште два дена до крајниот рок од 18 месеци во кој според Законот, СЈО може да поднесува обвиненија, Фетаи не сакаше дополнително да коментира до каде се истрагите за веќе отворените случаи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.