Последниве 24 часа убиени 34 лица во Доњецк

Триесет и четири лица го загубија животот последниве 24 часа во судири меѓу проруските сепаратисти и украинските сили во Доњецк.

Жестоки судири, во кои е вклучена и артилерија, се водат во градот Доњецк и неговите источни предградија, кои се под контрола на сепаратистите.

Министерството за внатрешни работи во Киев претходно соопшти дека девет војници се убиени кога безбедносните сили и баталјонот на доброволци „Донбас“ го презеле од сепаратистите градот Иловајск, каде минува железничка пруга и автопатот од Доњецк кон руската граница.

Засега не е познато дали деветмината војници се вклучени во бројот на жртвите.