сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Последно коло во македонската кошаркарска Прва лига

Со четирите натпревари од 14.коло вечерва ќе биде заокружен првиот дел од македонскиот кошаркарски шампионат.

лига

Поврзани вести

Дербито во последното коло е во „Градски парк“ каде Работнички го пречекува Фени Индустри во дуелот на двете првопласирани екипи.

Распоред на средбите од 14.коло:
Вардар – Охрид  (17 часот),
Струмица – Куманово (18 часот),
Кожув – Пелистер (18 часот) и
Работнички – Фени Индустри (18 часот).

Табела: Работнички 24 бода, Фени Индустри 24, Куманово 21, Кожув 20, Струмица 17, Пелистер 17, Охрид 16 и Вардар 13.

Првите четири екипи на табелата заедно со АБА-лигашите, МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи ќе се натпреваруваат во новоформираната Супер-лигата, додека четирите екипи од долниот дел на табелата ќе се борат за опстанок.

Најчитани вести