Последно место за македонските јуниори на ЕП во Австрија

Македонската ракометна репрезентација заврши на последното место на Европското првенство за играчи до 20 години кое се одржува во Австрија.

Попладнево избраниците на селекторот Зоран Петковски во натпревар за избегнување на последното (16.то) место загубија од Израел со 33:27. Победникот беше решен уште по првото полувреме кое им припадна на Израелците со високи осум голови разлика (18:10).

Македонија шампионатот го завршува со шест порази (Израел, Словачка, Естонија, Норвешка, Франција и Шпанија) и само со една победа, против Швајцарија