Посмртните останки на италијанскиот крал кој владеел во време на фашизмот вратени од Египет во Италија

Посмртните останки на кралот Виторио Емануеле Третил кој владеел со Италија во текот на фашистичката диктатура, во неделата се префрлени од Египет во татковината во пресрет на 70-годишнината од неговата смрт.

Италијанската новинска агенција Ansa објави снимки од пристигнувањето на посмртните останки во црквата на светилиштето посветено на Дева Марија во Викофорте, во близина на Куне во северозападниот регион Пиемонт. Црквата, којашто во минатото била мавзолеј на кралското семејство Савои, во саботата во соопштение го најави пристигнувањето на посмртните останки, но не го соопшти точниот датум.

Виторио Емануеле Трети е роден 1869 година а е погребан во катедралата Света Катарина во египетска Александрија каде што починал на 28-ми декември 1947 година. Абдицирал во јули 1946 година, а неговото 46-годишно кралување е завршено еден месец претходно кога Италијанците на референдум нивната земја да стане република. Поврзаноста на монархијата со фашистичкиот режим и неговиот пораз во Втората светска војна придонеле за таквиот исход.

Репатријацијата на останките на монархот ја одобри италијанската влада, а што претседателката на италијанските еврејски заедници Ноеми Ди Сењи го оцени како потег кој предизвикува „длабока загриженост“.

„Мораме јасно да кажеме, Виторио Емануеле Трети бил соучесник на фашистичкиот режим на чијшто подем и насилство никогаш не се спротиставил“, порача До Сењи во изјавата потсетувајќи на кралското одобрување на расните закони од 1938 година.

Виторио Емануеле Трети, исмејуван поради нискиот раст, особено бил критикуван и затоа што побегнал од Рим по примирјето склучено со сојузниците во септември 1943 година и ја оставил земјата без водство.

Останките на сопругата на кралот Јелена Савојска, принцезата на Црна Гора и кралица на Италија, во петокот од Монпелје во Франција, исто така, беа префрлени во истата црква. Нејзиното тело во тајност на 15-ти декември е префрлено од францускиот град каде што починала во 1952 година.

Јелена Петровиж Његош била шеста ќерка на црногорскиот крал Никола и кралицата Милена, а родена е 1871 година. Јелена од Александрија во 1950 година се преселила во Монплеје, а католичкиот бискуп на Монпелје покрена постапка за прогласување на Јелена Савојска за блажена поради нејзината хуманитарна работа.