Посни погачици

Посни погачици
Посни погачици
Состојки
  1. 1 кг брашно
  2. 500 мл потопла вода
  3. 2 и1/2 филџани (од 85мл) масло
  4. 40 гр свеж квасец
  5. 2 лажички сол
  6. 1 лажичка шеќер
  7. За премачкување
  8. по потреба топла вода, сусам, маргарин

Квасецот растворете го со малку топла вода и шеќерот.
Во сад ставете го брашното, маслото, солта, квасецот и со додавање на водата замесете средно меко тесто. Оставете го да скисне половина час. Потоа премесете го.
Правите топчина (околу 90 гр тесто) и ставајте ги во плех обложен со хартија оддалечени за да не се залепат. Премачкајте ги со топла вода, наросете ги со сусам и на секое ставете по едно парче маргарин.
Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее. За тоа време ке стасаат.
Ставете ги да се печат околу 25 минути. Испечените погачици испрскајте ги со малку вода, покријте ги и оставете ги да омекнат.
Со ова тесто може да си направите и посни кифли.