Магазин

Посно и лесно, мусака и полнети тиквички

Посно и лесно, мусака и полнети тиквички

Состојки:

800 гр модар патлиџан
2 поголеми главици кромид
2 моркови
100 гр.ориз
4 домати
пола лаж пипер
половина китка магдонос
2 лаж. маслиново масло
oригано
зачин
100 гр брашно
300 гр. растителен кашкавал

Подготовка:
Патлиџаните исечкајте ги на кругови и оставете ги да отстојат на саат време. Попржете го кромидот, додадете ги исечканите моркови, сипете го оризот, додадете малку вода со зачин и два сечкани домати.

Зачинете и динстајте се додека не испари водата. Исцедете ги доматите и секој увалете го во брашно. На малку масло, потпечете го модриот патлиџан. Оставете го на салфети да се исцеди маснотијата. Огноотпорен сад намачкајте го со масло и наредете ги круговите модар патлиџан.Потоа додадете го сосот, изрендајте го кашкавалот па повторно наредете кругови модар патлиџан. Посолете го, забиберете го и посипете го со оригано, потоа повторно ставете фил изрендајте кашкавал и наредете го патлиџанот.
Печете на 175 степени, 35 минути.

tikvickiПОЛНЕТИ ТИКВИЧКИ

Состојки:

1 кг тквички
100 гр. пченица
200 гр. ленено семе
200 гр. печурки
150 гр. кромид
чешне лук
малку магдонос и босилек,
црн пипер
масло
маслинки
сув зачин
сол

Подготовка:
Излупете ги младите тиквички, па исечкајте ги на дебели кругови и од една страна направете вдлабнување. Круговите исечкани тиквички нека зовријат, па прелијте ги со студена вода. Остатокот од мeснатиот дел на тиквичките исечкајте гo на коцки и посолете. Пченицата прелијте ја со врела вода, нека се олади, исцедете ја, исушете ја и истолчете ја за да и ги отстраните лушпите. Измијте ја и сварете ја. Семето од лен, потопете го во млака вода. На загреано масло динстајте го кромидот и зачинете со бибер, сол и сечкан лук. Лененото семе исцедете го, печурките исечкајте ги на коцки и динстајте. Варената пченица исцедетe ја и зачинете ја со сечкан магдонос и босилек и додадете ја динстаната смеса. Корпите од тиквички исцедете ги, вдлабнатината наполнете ја со мастраф. За тој што не пости, послужете со сирење.