Магазин

Посно мени денеска во Нетпрес: Салата со туна и макарони и салама со смокви

Посно мени денеска во Нетпрес: Салата со туна и макарони и салама со смокви

Денеска во Нетпрес се готви посно, на менито се салата со макарони и туна и слатка салама со смокви локум.

Потребно:

1/ 2 пакетче ситни макарони без јајца

1 пакетче зеленчук златна мешавина

2 конзерви сецкана туна

6 лажици ајвар

Мешав сув зачин, сол и црн пипер

Подготовка:

Ги вариме состојките од мешаниот зеленчук и ги процедуваме. Макароните исто така половина или малку повеке од пола ги вариме со малку сол. И нив ги процедуваме. Во длабок сад ги додаваме сите потребни состојки потребни за оваа салата и добро промешуваме. Ајварот го додаваме најпосле и салатата ја мешаме се додека не се соединат добро сите состојки.

Многу вкусен десерт кој брзо се подготвува.

Потребно:

250 гр смокви

25о гр локум

250 гр ореви.

Подготовка:

Оревите и смоквите ситно се сецкаат. Потоа, се месат со локумот  убаво и се формира саламата. Се остава да се стегне во фрижидер, а потоа се служи исчена на тенки парчиња.