Посно мени во Нетпрес: Чорба со шампињони и бомбици со кокос и рум

Чорба со шампињони и бомбици со кокос и рум се нашиот предлог за денешниот посен ручек.

 

Потребно:

300 гр  шампињони

1 парче праз

2 главици кромид

2 моркови

2 компири

Китка магдонос

500 гр  вода

1 лажичка црвен пипер

Сол и бибер

Подготовка:

Кромидот и празот, се сечкаат ситно, морковите се рендаат, компирите се сечкаат на коцки, а шампињоните на четвртинки. Во сад со малку масло за јадење се пржат кромидот и празот,да омекнат ,па  се додаваат морковите, компирите и печурките, заедно да пропржат, се става пиперот, водата и на крај зачините . Се вари на тивко со поклопец. Се служи топла.

Десерт со одличен вкус кој лесно се подготвува.

Потребно:

300 гр. маргарин на собна температура.

150 гр прав шеќер

300 гр. кокос

Малку рум

Глазура

150 гр  чоколада за готвење

5 лажици масло за јадење

Подготовка:

Маргаринот  се остава малку да омекне на собна температура, а потоа пенасто се мати со шеќерот во длабок сад. Се додаваат кокосот и румот . Со рака измесете,оставете во фрижидер околу 10 минути. Потоа правете бомбици, и една по една потопете ги во чоколада стопена на пареа со масло или може да ги извалкавете во чоколадни трошки, кокос, рендана чоколада или  мелени ореви.