Пост-терминали за полесно плаќање на административните такси во Кисела Вода

Се олеснува процедурата за плаќање на административните такси во општина  Кисела Вода.

На едношалтерскиот систем се инсталирани пост-терминали со кои граѓаните на брз, лесен и сигурен начин, без да одат во банките можат да платат за услугата.

Општинската администрација е веќе обучена и услугата функционира.

Наскоро,  на овој начин ќе може да се наплаќа и данокот, а потоа и сите останати давачки кон општината,  со што Кисела Вода прави уште еден чекор во остварувањето на идејата за современа и ефикасна  администрација која е целосно во служба на граѓаните.