Постара жена загина, а една е тешко повредена во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

жена

МВР информира дека во сообраќајката учествувале возило „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, 74 годишник од с.Велмеј  и „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управуван од лице од Пробиштип.

Во несреќата на самото место починала сопатничката во возилото „Опел Астра“, исто така од Охрид. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во истото возило, од с.Велмеј, која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде и била укажана лекарска помош и е задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и  увидна екипа на ПС Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.