Постарите жени се подобри во кревет

Постарите жени имаат повеќе исуство и самодоверба во кревет, а љубовникот кој е сигурен во себе секогаш е пожелен.

Трејси Кокс, експерт за сексуални прашања, вели дека постојат силни аргументи за тоа зошто мажите се забавуваат со постари жени.

Во минатото се мислело дека мажите сакаат помлади жени кои можат да им изродат многу деца, но денеска изгледа дека тоа веќе не е така.

Една студија утврдила дека на мажите всушност не им е важно колку е стара жената, туку како таа изгледа.

Според оваа студија, ако добро изгледате, не мора да се нервирате поради годините.

Во текот на испитувањето, група мажи во дваесетите години главно бирале фотографии од привлечни жени во 40-те години, отколку фотографии на жени со просечен изглед.

Не се знае причината за тоа, но едно е сигурно, поголемиот број на млади мажи ги привлекуваат постари жени. Трејси Кокс дава шест причини поради кои постарите жени се подобри љубовници.

Знаат што прават

Жените кои сакаат да експериментираат во кревет до 30-та година менуваат неколку партнери и имаат многу повеќе искуство од девојка која имала сексуален однос само со еден партнер. А колку повеќе искуство и години имате, тоа ве прави толку подобри во сексот.

Постарите жени имале работа во разни видови на мажи и разни проблеми во сексот што малку ќе ги изненади. Можеби помладите ривалки имаат цврсти и подигнати гради, но постарите жени точно знаат што сакаат и како треба тоа да се направи.

Знаат да преземат контрола

Кога разликата во годините е голема, улогите сами се делат: постариот партнер станува учител, а младиот ученик. Ова може да почне да ви пречи, ако тоа прерасне во навика, но на почетокот е доста интересно. Мажите и понатаму сакаат жената во поголемиот дел од времето да биде нежна и да очекува од него тој да и пријде. Но, постарите жени умеат да го намирисаат тоа и знаат суптилно да наговестат дека имаат желба за секс.

Не брзаат

На жените најчесто им е потребно малку повеќе време отколку на мажите да се возбудат. Постарите жени го имаат прифатено овој факт и тоа го користат на најдобар можен начин, започнуваат споро и се трудат сексот да трае подолго за да можат да уживаат повеќе.

Тие реагираат

Постарите жени не се срамат да покажат што им се допаѓа во кревет. Кога нешто правите како што треба, тие ќе ви го стават тоа до знаење.

Имаат самодоверба

Кога партнерката има самодоверба веќе пола работа е одработена. Поголемиот број од жените во поодминати години делуваат сигурно во себе, без оглед на изгледот, а тоа се одразува добро и на сексот.

Не се плашат да го упатат партнерот

Постарите жени научиле дека треба да го побараат тоа што им треба и дека во тоа да се побара нема ништо лошо. Младите жени пак се плашат да им дадат насоки на своите партнери или едноставно мислат дека тој би требало да знае како треба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.